Богдановиоќ: Дупот за Маџир маало не е конечен, следува дебата

ДУП- от за Маџирмаало  не е конечен а од граѓаните добиле и позитивни оценки тврди  градоначалникот Богдановиќ. Од општината ги прибираат анкетните листови а потоа ќе се одлучува согласно забелешките на граѓаните од оваа населба.

Богдановиќ тврди дека се што ќе се донесе ќе биде согласно законите и најави конкретни заклучоци за околу месец и половина. До 26 ноември граѓаните може да поднесуваат анкетни листови. Потоа ќе следи јавна презентација по собирање на сите анкетни листови ќе заседава комисијата на општината. Жителите жестоко реагираа по презентацијата на деталниот урбанистички план.

Тие се против како што велат предвидените 5 хотели до кејот на Вардар. Гневни се бидејќи со овој план ќе се загуби автентичниот изглед на една од најстарите скопски населби.  Жестока расправа на презентацијата на предлог Деталниот урбанистички план за Маџир маало во општина Центар. Жителите тврдат дека на приватни парцели општината планира да се изградат пет хотели до кејот на Вардар.