Бонусите на Јанева и обвинителите

0
102

Дополнителните додатоци од илјадници евра кои ги земале Катица Јанева и обвинителите од СЈО ќе се најдат под лупа на Јавното Обвинителство.  Државниот обвинител Љубомир Јовески за Телма вели дека тие немале увид во висината на доделните  бонуси.

„Исплатата на плати надоместоци е утврдена во законот за плати на јавните обвинители. До поставување на алатката ,,Отворени финасии,, висината на надоместоците и начинот на пресметување на платата и надоместоци за СЈО јавно не беа достапни, за разлика од примањата на сите други обвинители за кои на сајотот на ЈОРСМ јавно е објавен коефициентот за исплата на плати“, појаснува Јовески.

-Обвинителите ќе ги испитаат сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците и доколку се утврди дека има основано сомнение за извршено кривично дело ќе се постапи согласно законот, велат од ЈОРСМ.