Бонуси во СЈО: Антикорупциска комисија ќе чешла анкетни листови на обвинителите

0
105

Бонусите што се делеле во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од 2015 година ќе бидат предмет на расправа и во Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Од таму најавуваат отворање на анкетните листови на сите обвинители и вршење увид во пријавените промени на нивната имотна состојба.

Државните функционери имаат законска обврска да ја пријават својата имотна состоба во рок од 30 дена по стапување на должност, секоја промена за време на мандатот, но и по престанок на вработувањето. Со анкетниот лист се опфаќа недвижен имот, подвижен имот, хартии од вредност и удели, побарувања, долгови, банкарски депозити, друг имот и други приходи, графа што се однесува на хонорари што се надвор од редовната плата. Тоа го потенцира и претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска за порталот а1он.мк.