Буџетот за следната година ќе изнесува 4 и пол милијарди евра?

0

Буџетот за следната 2020 година ќе тежи 4,46 милијарди евра, ако се има во предвид предлогот разгледуван на владината седница во вторникот, објави Телма.

Сепак, се уште е неизвесно дали буџетот ќе остане проектиран на оваа сума или ќе претрпи измени.

Она што е сигурно, како што изјави министерката за финансии Нина Ангеловска, буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,3 отсто од БДП.