Ветинг за судии ќе подразбира испитување и на адвокатско-судско-бизнис врски

Спроведување и продолжување со реформите за да се врати довербата во судството, но и старт на идејата за ветинг на судиите, тоа било разговарано на средбата меѓу министерката Рената Дескоска и еврокомесарката за правда Вера Јурова во очи на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан кој денеска започна во Скопје. За ветингот нема да има одлука на овој форум, но идејата е квалитетот на судството да се подобри со тоа што ќе се испита минатото на оние што ја делат правдата.

Дескоска како и останатиот дел од владата смета дека за недонесената одлука за отворање преговори за членство не е поради судските реформи, туку поради внатрешните прашања на Унијата и тоа ќе им го каже на министрите присутни на форумот во Скопје. Новиот закон за јавно обвинителство е во застој затоа што сегашните преговори на партиите покажале дека нема да донесе нов квалитет.  Со реформи ќе се продолжи, но смета дека и судиите треба да придонесат за подобро судство.