ВИДЕО:Плажите во Грција се како бомбардирани – вонредна состојба поради невремето

Делегација на Владата на Грција која ја предводи министерот за одбрана Никос Панајотопулос од утринава е на Халкидики за да ја утврди штетата од поплавите во последните 24 часа на тој полуостров и на блискиот остров Тасос.

Од невремето штета има на земјоделските површини и во некои села, пренесуваат грчките медиуми. Во осум селски месни заедници на југот од Тасос и во две општини во Кавала, на копно, синоќа било прогласена вонредна состојба.