Во кумановскиот затвор почина 22-годишник, семејството се сомнева на седативите

Семејството на Лабинот Мисини кој почина во кумановскиот затвор се сомнева дека тој умрел од предозираност со седативи. Според нив, тие  последен пат контактирале со него преку мобилен телефон  вчера околу  15 часот кога тој им рекол дека има главоболки. Членови на семејството за Алсат велат дека 22 годишниот Мисини побарал помош од другите затвореници, но, затворските чувари не повикале брза помош од кумановската болница. Во затворот немало доктор. Од Управата за спроведување санкции, велат дека се преземени сите мерки за расчистување на случајот.

Веднаш после настанот беше повикана полиција и дежурен обвинител кои отвориле истрага. Проверени се безбедносните камери, испрашувани се затворските чувари во одделението каде издржувал казна починатиот кој во ќелија бил сам“-велат од Управа за спроведување на санкции.