Гостиварец измамен дека ако плати пари ќе му ја вработат ќерката во државна институција

Жител на Гостивар бил измамен од едно лице пред две години дека за парична надокната, ќе биде вработена неговата ќерка во државна институција.

Вчера во 12:30 часот во Полициската станица Тетово, Н.З.(53) од Гостивар пријавил дека пред две години бил измамен од С.С., кој за парична надокнада го измамил дека ќе ја вработи неговата ќерка во државна институција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.