Граѓаните против извршителите! Се бара ревизија на нивното работење

Десетици поплаки против извршителите група граѓани денеска доставија во Министерството за правда. Судбините им се различни, но долговите на сите им се неколкукратно повисоки откако стигнале до извршител. Од иницијативата „Стоп за извршителите“ не се задоволни со законските измени, оти тие не важат ретроактивно. Бараат комплетна ревизија на работењето на извршителите.

„Оваа власт го смени трошковникот, но, тој не е ретроактивен, туку важи само за случаи од 2019 година па натаму. Не и претходно, па затоа извршителите си ги чуваат извршните налози како старо вино во подрум и ги активираат после девет години на пример, а тие веќе нараснале со огромни камати. Значи, луѓето овде веќе не можат да живеат, се работи за геноцид, се работи за една третина од плата и пензија, што е премногу“, рече Ана Глигорова – Иницијатива „Стоп за извршителите“.