Граѓаните чекаат поевтин зелен картон, анализите во тек

Надлежните институции се уште прават анализи за евентуална корекција во цената, соопшти првиот човек на Агенцијата за супервизија Климе Попоски. Се анализираат сите можни аспекти, но најдобро решение Попоски гледа во либерализацијата на пазарот на автоодговорност.

„Доколку настане либерализација, она што се искуство од други земји, кои влегле во тие процеси на либерализации сигурно ќе има период каде ќе се очекува намалување на цените за осигурување од одговорност према трети лица. Зборуваме и за покритието во земјата и за покритие надвор од земјата, односно зелената карта“, вели Климе Поповски.