Заев испровоциран од Мицотакис со името Македонија

0
96

Премиерот Зоран Заев  по вчерашната средба со Киријакос Мицотакис на Самитот во Солун рече дека го информирал шефот на грчката Влада за напредокот во спроведувањето на Договорот од Преспа, а неговиот колега исто така му реплицирал за примената на спогодбата од страна на Грција.

Запрашан да го коментира новото лого за производи од македонскиот регион што беше претставено на Самитот во Солун истиот ден во присуство на Мицотакис, Заев рече дека сè уште не го видел, но додаде дека има меѓународни регулативи за овие прашања и изрази уверување дека ќе се најде најдобро решение за заштита на брендовите, производството, историјата и гордоста, „бидејќи тоа е она што го прават пријателите“.