Заев: По 47 години се реконструира далекуводот во Штипскиот регион

Премиерот, Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, денес извршија увид во реконструкцијата на 110 киловотниот далекувод ТС Штип – ТС Пробиштип.

Реконструкцијата е финансирана со заем од ЕБОР, а инвестицијата за изградба на далекуводот чини 2,45 милиони евра. Далекуводот е со должина од 25,21 километри.

Новиот далекувод ќе биде поставен на 110 челично-решеткасти столбови и ќе го замени постоечкиот далекувод што е во функција повеќе од 47 години, а планот е изградбата на далекуводот да заврши до крајот на годинава.