Зекири за прераспределбите во МВР на СДСМ и ДУИ – „Се менуваат полицајци бидејќи не работат, не дека се од ДУИ“

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири тврди дека МВР не е партиски штаб. Тој во Клик Плус зборуваше за рокадите во МВР. Според него тие што се жалат дека се сменети од работа, сменети се не дека се од ДУИ, туку дека не си ја работат својата работа.

А неговиот лидер рече дека прв пат слуша за такво нешто.

Заменик министерот за внатрешни работи кој е од редовите на ДУИ, Агим Нухиу, негираше дека во органите на полицијата се прават рокади и партиски унапредувања.

Освен овие негирања на двајцата партнери на владината коалиција, внатрешни извори од мВР за ТВ21 наведоа два случаи на партиски рокади на вработени на високи позиции на граничниот премин Блаце и Табановце, за кои известувавме изминативе денови.