Земјата ќе страда од климатските промени, во Италија веќе се воведува часови по климатски промени

0

Италијанскиот министер за образование Лоренцо Фјорамонти денеска изјави дека часовите за климатските промени ќе станат задолжителни за учениците во државните основни и средни училишта.

Фјорамонти на Твитер напиша дека Италија ќе биде првата земја во светот што ќе воведе учење за одржливост и климатски промени во задолжителната училишна програма.

Учениците ќе имаат вакви часови од прво одделение до крајот на средното образование.

Инаку повеќе од 11.000 научници од 153 земји прогласија вонредна климатска состојба на Земјата, предупредувајќи дека ни се заканува „невидено страдање“ ако итно не се преземат мерки за зачувување на биосферата.