Заев смета дека не смее да се дозволи парламентот да биде распуштен во момент кога треба токму Македонија да го ратификува притокот за своето членство во НАТО.
Премиерот вели дека мора да се почитува одлуката на Собранието и спикерот Талат Џафери кој дека изборите ќе се распишат точно 60 дена пред нивното одржување. Џафери беше дециден дека доколку изборите се одржуваат на 12-ти април, 11 февруари ќе биде последниот работен ден за пратениците од овој парламентарен состав и нема намера да свикува седница по распуштањето за ратификација на протоколот за НАТО.
За ВМРО ДПМНЕ прашањето на датумот за избори е затворено. Категорични дека не постои причина поради која изборите би се одложиле и сметаат дека Заев си создава алиби за такво сценарио.
Ова не му е прв пат, но пречки за избори на 12-ти април нема, тоа го кажа и претседателот на лидерската средба на којашто сите учесници на таа средба, партии консензуално се договорија да има избори. Ова едноставно е само обид на Заев и алиби да и избега на правдата, таа е онаа правда заради која што ги урнисаа сите државни институции во државата. Но, токму таа правда нив ќе ги стигне кога тогаш. Колку повеќе одолговлекуваат толку посилен пораз ќе доживеат.
Инаку, можноста за одложување на договорениот датум за избори прв ја најави пратеникот на ДУИ, Артан Груби кој изјави дека на лидерската кај претседателот Пендаровски било договорено датумот да се одложи доколку процедурата за членство во НАТО не се заврши пред распуштање на парламентот. Груби веднаш беше демантиран и од премиерот Заев и од ВМРО ДПМНЕ.