Измени во закон за сообраќај – први казни за возење на електрични тротинети!!!

0
194

Граѓаните кои користат електрични тротинети нема да смеат да се движат по улици и булевари, туку само по велосипедски патеки

Онаму пак каде што нема велосипедски патеки дозволено е возење по тротоар. Ова се предвидува со измените на Законот за безбедност во сообраќајот кои поминаа на владина седница.Максималната дозволена брзина за движење по велосипедска патека е 25 километри на час, додека на тротоар само 6 километри на час. За поголема безбедност, граѓаните кои управуваат тротинет треба навечер да носат зелени флурорцентни елеци, за да можат да бидат видливи за пешаците и учесниците во сообраќајот. Со измените на законот е предвидена и возраста на која може да се управува тротинет, односно лица под 14 години не смеат да возат електрични тротинети.Казната доколку  не се носи елек е 50 евра, за движење по улица 80 евра, а доколку се вози со поголема брзина од дозволената 120 евра.Владата донесе и одлука со која се продолжува рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од сегашните 70, на 75 години.Направени се и усогласувања во делот на казнената политика со кои се предвидени намалувања на казните за прекршоци…Тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за живото загрижувачки прекршоци кои остануваат исти, а се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни…Со измените на Законот за безбедност во сообраќајот  се воведува и мерка за времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните како и за возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци