Индијци ограбени на автопат кај Куманово

Две лица од Индија пријавиле во полицијата дека вчера биле ограбени на автопатот за Куманово.

Според информациите од МВР, ограбените се на возраст од 26 и 25 години, а со закана им биле одземени пари и мобилен телефон.