КОЈ СЕ’ ЌЕ ГЛАСА ЗА АВТЕНТИЧНОТО ТОЛКУВАЊЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ?

0
107

Талат Џафери ја закажа координацијата за автентичното толкување за Законот за помилување кое го поднесе СДСМ за в понеделник, во 10 часот. Координаторите заедно со претседателот на Собранието треба да се договорат кога ќе има седница и дали таа ќе биде закажана пред седницата на Уставниот суд, в среда.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште без конкретен став дали ќе гласаат за автентичното. Денеска не одговорија на ова прашање, туку само порачаа дека се работи за театар на СДСМ.

Социјалдемократите пак преку соопштение ги повикаа да кажат на која страна ќе застанат.

„Ова е шанса за пратениците на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да покажат дали се за правда или ќе слугуваат на криминалците. Христијан Мицкоски нека ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за барањето. За предметите за кои се води постапка пред СЈО, а сега се преземени од ЈО, правда мора да има“.