СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.И.(40) од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрвна маса. Во периодот од март до октомври 2019, во домот на пријавениот во с.Церово, полициски службеници пронашле и одзеле 17 метри кубни бесправно исечени огревни дрва.