Курти: само со реципрочни мерки спрема Србија

0

Лидерот на Самоопределување и иден премиер на Косово Албин Курти изјави дека тарифите од 100 насто за стока од Србија ќе бидат заменети со реципрочни мерки што Косово ќе и ги воведе на Србија. „Реципроцитетот е вистински принцип за здрави конструктивни односи. Ќе утврдиме листа на сите елементи кои се однесуваат на реципроцитетот со Белград“, рече тој, објаснувајќи дека тоа значи оти Србија треба да направи нешто на некое друго поле пред Косово да ги укине царините. Курти повтори дека дијалогот со Белград ќе го води тој.