МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДБИ СЕ БЕЗБЕДНИ ПРИ ЗЕМЈОТРЕСИ, НО ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ВНИМАВААТ СО ДОГРАДБИТЕ

0
101

Внимателно со постарите објекти особено при нивната доградба апелираат од ИЗИИС по серијата на земјотреси кои го зафатија регионот.

Првиот човек на институцијата Влатко Шешов уверува дека градбите по земјотресот од 1963 та се стабилни но мора да се води сметка за нивните доградби за кои е неопходна консултација и проценка. Сепак од оваа институција уверуваат дека новите објекти можат да поднесат земјотрес со иста јачина како оној во Албанија и се проектирани по сите стандарди.

Во врска пак со градежната експанзија од Градежната комора велат дека тие немаат никаква врска со легализацијата на дивоградбите и дека за тоа надлежни се општинските власти но одговорно тврдат дека материјалите кои се користат во консултација со ИЗИИС се квалитетни.