Макрадули: Казни за загадувачите нема поради нискобуџетните сензори за загаденост

4,2 милиони луѓе годишно умираат од аерозагадувањето предупредија од Светската банка. Најавија помош за владите од западен балкан кои ќе изнајдат конкретни решенија.

– Регионот Западен Балкан не е исклучок, заболувањата, смртноста од загадувањето на воздухот се на врвот на овие причински фактори. Оваа агенда е на врвот на приоритетите на СБ како и на владите во регионот, смета Марко Мантованели, директор на Светска банка за Македонија и Косово.

Надлежните министрите од Македонија и Косово сметаат дека со заеднички проекти можат полесно да дојдат до средства од светската банка во борбата со аерозагадувањето, но помош побараа и од приватните компании.  Инаку македонската влада издвојува 1,6 милиони за планот за чист воздух но уверуваат  дека средства се вложуваат и преку проекти на ресорни министерства.