Макрон за „Економист“: НАТО е на смртна постела, а Европа на работ на амбис

0

Францускиот претседател Емануел Макрон во драматично интервју за списанието „Економист“ тврди дека НАТО се наоѓа на смртна постела, а Европа на работ на амбис

Во интервјуто Макрон ги предупредува европските земји членки дека веќе не можат да се потпираат на САД , односно дека од САД веќе не може да се очекува да застанат во одбрана на земјите членки на Алијансата.

-Тоа низ што во моментов минуваме може да се опише како мозочна смрт на НАТО. Европа се наоѓа на работ на амбис, рече Макрон, додававајќи дека Европа мора да почне стратешки да размислува за самата себе како за геополитичка сила. Во спротивно, Европа веќе нема да ја конролира сопствената судбина, рече францускиот претседател