Милевски: Во Битола нема да се гради регионална депонија

0
105

Морам да одговорам на шпекулацијата која се јави денес во битолската јавност, со цел вознемирување на граѓаните. Разговарав со премиерот Заев и можам да ве уверам дека никаква регионална депонија од Југозападниот регион, Владата нема да гради во Битола. Депонијата од Југозападниот регион мора да биде во тој регион. Никаква депонија министерот за локална самоуправа, ниту Владата нема да носат во Битола и битолчани можат да бидат спокојни по тоа прашање, напиша Милевски на Фејсбук..