Минималната плата од 1 декември ќе изнесува 14.500 денари

0
126

Од 1 декември минималната плата во Република Северна Македонија ќе изнесува 14.500 денари. Вака попладнево одлучија пратениците од власта и опозицијата со денешното гласање на измените и дополнувањата на Законот за минимална плата во рамки на продолжението на 116.седница на Собранието.

Со гласовите на владејачкото мнозинство и на опозицијата беше донесен и Предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, по скратена постапка.

За останатите точки на дневниот ред, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот градење, Предлог-законот за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Предлог-законот за изменување на Законот за спортот, сите по скратена постапка, пратениците ќе се произнесат на седницата што ќе продолжи во воторник, во 11 часот.