Мицкоски: Европеизација одвнатре за да бидеме конкурентни во Европа

0
90

ВМРО-ДПМНЕ се реорганизира и доекипира и се поголем е бројот на луѓе од различни политички провиненци што ни пристапуваат, така што очекувам масовна поддршка од граѓаните на Македонија и голема победа на предвремените избори закажани за 12 април идната година, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска во Охрид имаше средба со граѓаните и партските симпатизери во рамки на теренските активности на партијата насловени „Обнова на Македонија”.

Во врска со промовирањето на грчкиот бренд „Macedonia the GReat” Мицкоски истакна на дека опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ веќе се навикнати на практиките што ги спроведува Зоран Заев, како што рече, авантуристички политики што ги води, од медиумите да се дознава што всушност тој зборува и прави.