Мицкоски: Имаме примитивизам и декаденција наметната од власта, затоа си одат младите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“ на телевизија „Сонце“ истакна дека во овие моменти во Македонија владее примитивизам и декаденција која е наметната од власта. Токму ова тој го наведе како една од главните причини зошто младите си заминуваат од државата.

-Точно јас би се сложил со вас дека од овој примитивизам и декаденција кој што денеска ни се случува на политичката сцена помалку сме збунети, бидејќи знаете луѓето кога ги гледаат политичарите поготово оние кои што водат во моментот, а тоа се оние кои што се во владата. Нели тие се најодговорни, и ние како опозицијата имаме одговорност, но најголемата одговорност сакаме да признаеме или не се оние кои што се во Владата. И денеска кога луѓето или оние помлади генерации ги гледаат како се однесуваат, променливото однесување практично на дневна основа ги збунува. И не само што ги збунува туку и во најголема мерка и ги разочарува и си велат зарем овие луѓе треба да бидат мојот модел на однесување, како јас треба понатаму да се однесувам. Вие имате политичари кои што толку примитивно се однесуваат што се прашувате како овие луѓе побогу стигнале таму каде што се наоѓаат. И оваа декаденција која што е се присутна сите оние неуспеси, сета онаа неправда која се случува и тука не би го исклучил и минатото. Но сега ние зборуваме за денешницата за да бидеме поточни о поконкретни во иднината. Ние доаѓаме дека мора работите да се менуваат на подобро, зошто ако вака како што е денеска нашето секојдневие тогаш лошо навистина се пишува на Македонија и генерално на граѓаните. И можеби тоа е еден од мотивите да ја напуштат државата, вели тој.