МНР тврди „Macedonia the GReat“ може да го наруши Преспанскиот договор, Владата објаснува извезуваме како „Северна Македонија“

Македонското МНР не било информирано дека Грција ќе си го промовира брендот Macedonia the GReat.

Ваквиот унилатерален приод ја подрива меуѓусебната доверба и според министерството согласно договорото од Преспа вакви прашања, треба да бидат регулирани заеднички од страна на деловните заедници.

– Унилатералеиот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави, кои претставуваат пример за надминување на билатералните предизвици., се наведува во писмената реакција на Министерството за надворешни работи.