Над 322.000 пензионери од јануари добиваат повисока пензија за 900 денари, се грижиме за сите граѓани

0
238
Владата предводена од СДСМ преку одговорно и домаќинско работење покажува што значи вистинска грижа за граѓаните.
Го враќаме достоинството на пензионерите, обезбедуваме значителен раст на пензиите.
Веќе со јануарската пензија пензионерите ќе добијат покачување од 700 денари. Дополнително, ќе се реализира и законското усогласување на пензиите кое ќе изнесува од 160 – 200 денари.
Тоа значи дека над 322.000 пензионери ќе добијат покачување од 860 до 900 денари, почнувајќи веќе од јануарската пензија, што е најголемо покачување на пензиите во последните години.
Со последното покачување, просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари и ќе порасне за 1.746 денари во однос на 2016 година.
Растот на економијата и платите овозможи приходите во Фондот за пензиско осигурување да пораснат за 10 проценти и затоа следува реално зголемување на пензиите.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со пензионерите, не го следеше законското усогласување и во пензиите интервенираше само ад хок пред избори.
Денес, грижата за пензионерите е на прав пат.
Како одговорна партија пред граѓаните, продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и пензиите и повеќе пари кај граѓаните.