Над 7.000 тинејџери во Србија се мешани во криминал

0

Дури 40 завршиле зад решетки поради тешки кривични дела, од кои 10 минатата година.

Според податоците на Републичкото јавно обвинителство минатата година, полицијата регистрирала повеќе од 7.000 сторители на кривични дела на возраст под 18 години, од кои 19 проценти немаат ниту 14 години.

Дури 1.416 тинејџери добиле воспитни мерки, а 172 од нив биле испратени во поправни институции. Бројот на убиства кај младите е во пораст, а за петтина има регистрирано повеќе кражби, разбојништва и имотни деликти во споредба со претходната година.

Министерот за полиција Небојша Стефановиќ најави дека Министерството за внатрешни работи ќе му предложи на Министерството за правда да ја заостри казнената политика или да најде друго решение по углед на ЕУ.