Населба без места за паркирање, куќи без гаражи и апсолутна тишина за некои се сон, а за некои кошмар. Сепак се остварува

0

Започна изградбата на населба во Темпе, Аризона, која се смета за прва „населба без автомобили“ во Америка. Според проектниот план, ќе бидат изградени околу илјада сместувачки единици и нема места за паркирање. Поточно, се очекува жителите од оваа населба да не поседуваат автомобил.

Токму во тој дел работите стануваат малку комплицирани. Како што покажуваат графиките, ќе има патишта и автомобили, но само во форма на car sharing и шатл-служба. Со текот на времето, по улиците треба да се движат само автономни возила. Од друга страна, посетителите ќе мора да ги остават своите возила на посебни паркинзи пред да влезат во населбата. Во секој случај, се очекува престојот да биде многу поудобен, особено затоа што ќе има значително помалку површина покриена со асфалт.

Автор на проектот е Culdesec Tempe, со инвестиција од околу 140 милиони американски долари. Првите станари населбата е планирано да ги добие во есен следната година.

извор додај гас