НВО со протест и барање да се деблокира комисијата за избори и именувања

0
98

Пред Собранието, мал протест заради блокадата на десетина големи институции. Невладините бараат Комисијата за избори и именувања итно да се состане, за да може до распуштањето на Собранието да се пополнат испразнетите места во сите институции.

Непополнетоста на раководството во Агенцијата за право на информации од јавен карактер и Државниот завод за ревизија всушност е на директна штета на граѓаните и на институциите, а истовремено е и ризик во борбата со корупцијата. Оттука, комисијата за избори и именувања треба веднаш да пристапи кон транспарентен начин на избор на раководството на овие институции.“ вели Миша Поповиќ, Платформа за борба против корупцијата.

Испратени се повеќе писма до пратениците, но нема одговор зошто комисијата не заседава. Здруженијата стравуваат дека потребниот кадар нема да се избере ниту до одржувањето на предвремените избори. Од претседателот на комисијата Илија Димовски не добивме одговор на прашањето до кога ќе биде закочен целиот процес.