Непријателска ракета eксплодира среде автопат во Израел (ВИДЕО)

“Ние немаме интерес да го ескалираме конфликтот. Но, ние сме подготвени на сè. Повторувам, немаме никаков интерес за тоа, но ние сме подготвени на секое сценарио. Доколку е потребно, ние дури и ќе се вратиме на политиката на насочени напади”, изјави генералот Авив Кочави на прес конференцијата во израелското Министерство за одбрана.

Четириесет и двегодишниот Баха Абу Ал Ата, лидер на вооруженото крило на исламистичкиот џихад,,Бригада Ал-Кудс”, беше убиен, како и неговата сопруга, во израелски воздушен напад врз нивниот дом денеска во источна Газа, потврдија властите во Израел и во Газа. Ова предизвика нова нестабилност во регионот.

Десетици ракети беа испукани кон Израел, а една од нив експлодира среде автопатот, што беше снимено од надзорните камери.