ОБВИНИТЕЛОТ ЈОВЕСКИ ПОСОЧУВА НА НЕБУЛОЗИ ВО ДОДАТОЦИТЕ ВО СЈО

0
93

Тајноста на податоците за висината на бонусите делени во сјо се клучниот елемент кој фрла сомнеж на начинот на кој се исплаќале додатоци за доверливост, објаснува државниот обвинител Љубомир Јовевски. Според него, станува збор за јавни пари и нивното трошење никако не смее да биде класифицирано. Но исходот допрва треба да следува.

Сите обвинители имаат право на додатоци на плата до 35 отсто по три основи меѓу кои и доверливост, па Јовески прашува ако се земал таков додаток на плата зошто е потребата од класифициран договор за доверливост.

Проблемот е повеќе тоа што го истакна, дека според првичните согледувања по ист основ се зема два пати плата и ако видите апсурдите до каде се однесени, еден секретар има повеќе плата од претседателеот на државата, но со ова не ја прејудицирам постапката,

вели Јовески.