Отровната и експлозивна бомба Винил Хлорид останува во ОХИС

0
135

Додека една од двете горилници во Европа не прифати да го уништи винил хлоридот, Скопје е во опасност. Пред 30 години од оваа цистерна се точел хлоридот и полимеризирал за изработка на пластични влакна. Последните 20 години цистерната е заборавена и зафрлена пред фабричката зграда. Вистинска среќа е што не експлодирала и да ги срамни со земја околните згради. За безбдноста на градот 9 месеци се грижат фирмата „Екоцентар“, едно лице од обездувањето и клима уредот кој никако не смее да попушти.

Фабричката капија ја обезбдува еден чувар, а до резервоарите со токсични хемикалии води распаднат макадам. Таму прво те пречекува миризбата која што гуши и пече. Во воздухот се мешаат метил акрил, метанол, канцероген линдан и други неидентификувани отрови. Опасната прошетка не одведе до местото на инцидентот кај вентилот кој попушти и се разлеа водата од резерворот, каде со децении стоел отровниот метил акрилат.

На само 500 метри квадратни, 300 плави буриња содржат отрови да го контаминираат цело Скопје. Овде бил чуван и хлорот кој прв е уништен во Србија. Сега нови 70 тони ќе заминат во печките во Швајцарија. 11 –тата супстанца винил хлорид останува. „Екоцентар“ ја призна грешката дека сокриени од  јавноста отстранувала опасни материи од ОХИС, а сега бараат продолжување на рокот, и помош да се најде спас за овој експлозивен отров.

Фирмата со која управува Владо Момировски за прв пат работи со опасни материи затоа ангажирал партнери од Бугарија и Србија. По инцидентот со метил акарилот во јавноста се огласи и министерот за животна средина. Мерењата не покажале загадување, а во извештајот кој следи, а го чека и обвинтелството ќе се знае дали ќе има казни и кривична одгворност.