Пицула: Прашањето на проширувањето повторно се враќа на дневен ред

0
180

Самитот во Загреб за време на хрватското претседателство со ЕУ е шанса работите во регионот да се деблокираат и прашањето за проширувањето да се направи еден од приоритетите, изјави хрватскиот европратеник Тонино Пицула, кој е именуван за известувач на Европскиот парламент за препораки за Западен Балкан пред Самитот во мај следната година.

– Лично, јас сум постојан известувач на ЕП за Црна Гора, но исто така ќе водам и работна група за цел Западен Балкан. Мислам дека ќе ми даде преглед на новата финансиска помош за овие земји, кој според предлогот е тежок дури 15 милијарди евра, како дел од новата повеќегодишна финансиска рамка од 2021 до 2027 година. Мислам дека парите се многу голем показател кога станува збор за некоја политика. Значи, ако овие камчиња се стават во мозаик, Европската унија ќе излезе од една долгогодишна пасивност кон политиката за проширување, што според мене, останува прашање за нејзиниот кредибилитет, туку и интерес, рече Пицула.