Путин пред Американците се пофали со хиперсоничен систем за нуклеарни ракети (ВИДЕО)

Следниот месец Русија ќе го распореди системот ,,Авангард”, хиперсонично вселенско летало дизајнирано да носи интерконтинентални балистички ракети за носење нуклеарни и конвенционални проектили.

Авангард  е еден од системите за кои  Владимир Путин рече дека е пред своето време.

Министерството за одбрана објави дека на група американски воени инспектори им бил прикажан Авангард  од 24 до 26 ноември, според условите на новиот договор СТАРТ за нуклеарно оружје меѓу Русија и САД, кој стапи во сила во 2011 година.

https://youtu.be/9pOXAJqwLHQ?t=3

Според договорот, двете најголеми нуклеарни сили не смеат да имаат повеќе од 1.550 стратешки нуклеарни боеви глави.