ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ЗЕЛЕНИОТ КРОВ НА ГТЦ

По неколкумесечна работа на Градот Скопје во соработка со УНДП се отвори зелениот покрив на ГТЦ. На покривот засадени се околу 3.656 дрвја од различни видови. Покрај зеленилото, поставени се и неколку фонтани и базени, клупи и шаховско поле.

На свеченото отварање присутни беа многу Скопјани а меѓу нив беше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов како и директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски. Тој се надева дека на ова место ќе се раѓаат убави спомени и многу скопски приказни.

Тој вели дека според истражувањата, високите температури за време на летниот период, значително ќе се намалат.