Само гаранција за членство во ЕУ може да ги одложи изборите

Во утрешниот број на изданието на „Слободен печат“ читајте за средбата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со бугарскиот премиер Бојко Борисов на Конгресот на ЕПП.

Сѐ што може да биде позитивно и за двете страни, и за Македонија и за Бугарија, ние „поткрепивме“, тука не треба да има дилеми – му одговорил Мицкоски на Борисов на прашањето дали го поддржува договорот за добрососедство.