СЕ ОГЛАСИ И ВУЧИЌ: Веќе од понеделник ќе бидам во полн работен погон! (ФОТО)

По хоспитализацијата и проблемите со здравјето, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, преку порака на социјалните мрежи им се заблагодари на сите во ВМА кои се грижеле за неговата здравствена состојба.

„Благодарност до сите доктори и на вработените во ВМА. Им благодарам на сите кои изразија загриженост за мојата здравствена состојба. Веќе од понеделник ќе бидам во полн работен погон“, напиша Вучиќ.