Смилевски бара јавно извинување од медиумите кои објавија дека „негов телохранител претепал вработен во општината“

0

Согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, Градоначалникот на Општина Бутел бара од редакциите на сите портали кои објавиле вест со наводна  неговата поврзаност за инцидентот кој се случил на ден 05.11.2019 година пред Општина Бутел каде што се наведува дека ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ ДО БЕССОЗНАНИЕ ПРЕТEПAЛ ВРАБОТЕН ВО ОПШТИНАТА јавно да се извинат и да ја демантираат оваа вест.

Градоначалникот на Општина Бутел категорично и целосно ја отфрла содржината на насловот и прилогот како невистинити, односно лажни и тенденциозен, се со цел  да се оцрни и доведе во негативна конотација неговата углед и чест како Градоначалник на Општина Бутел но и како личност.