Фрчкоска: Одлуката за Јанева е законска, а Русковска врши притисок на Судот

0
88

Oдлуката на апелација за укинување на мерката притвор и замена со куќен притвор и мерки на претпазливост е сосема законска и целосно оправдана, вели во изјава за „360 Степени“, Ирена Фрчкоска, адвокатка на Катица Јанева.

„Според одбраната, во услови кога јавното обвинителство кажа што има да каже во обвинителниот акт и кога ги прибра сите докази, притворот требаше да биде укинат многу порано, односно кога истрагата заврши и кога отпаднаа причините за мерката притвор. Притворот не е казна туку е само мерка за обезбедување и секое пролонгирање на оваа мерка се смета за ограничување на правото на слобода. Од овој аспект одлуката е целосно законска“,

вели Фрчкоска.