Јовановски: Провакациите од Стојчев не запираат, коментира дека по апсењето на Бојан кај нас дошла пола Влада

По денешното признание на вина на Миле Јовановски, таткото на Боки 13, за физички напад на попот Виктор Стојчев, се очекува и пресудата, чија објава е закажана за 18 ноември.

Јовановски на денешното судење ја искористи можноста да каже дека првокациите од неговиот сосед Стојчев продолжувале и понатаму, па рече:

-Господинот сака многу да пишува на фејсбук. Откако е уапсен Бојан пишува дека кај мене дошла пола Влада, пола обвинителство, суд, амбасадори, рече обвинетиот Јовановски во својот завршен збор, додавајќи дека се приклучува на завршниот збор на својот бранител.