Јовески – Нема основа за дисциплинска постапка за Русковска

0
158

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески изјави дека нема отворено постапка за СМС пораката, која обвинителката Вилма Русковска ја испрати до судиите кои ја пуштија Катица Јанева во домашен притвор. Тој вели дека Колегиумот на Јавното обвинителство и тој како јавен обвинител сметаат дека до овој момент нема основ за покренување дисциплинска постапка. Јовески за МИА изјавил дека треба да се почека што ќе заклучи Советот на јавни обвинители, кој денеска расправа за ова.

Инаку, судиите се пожалија дека Русковска им се заканила дека „ќе ги истресе од гаќи“ со финансиски истраги зашто ја пуштиле поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во домашен притвор.