Адвокат во „ТНТ“ бара превод на целото судење на албански, судијата се сомнева во обид за одолговлекување

0
77

Пред десетина дена како нов адвокат на Елисавета Најдовска, обвинета за злоупотреби околу уривањето на комплексот Космос на Фијат Цаноски, тој побара од судот да му ги преведе сите записници и докази на албански јазик од досега одржани околу четириесетина рочишта. Судијата Огнен Ставрев се сомнева дека адвокатот Даути намерно се обидува да ја одолговлече постапката, повикувајќи се на Законот за адвокатура според кој адвокат во земјава како услов треба активно да го зборува македонскиот јазик. За ова Сатврев ја известил Адвокатската комора.

Ова е злоупотреба на правото од страна на адвокатот, за одоговлекување на постапката, бидејќи се изведени голем број на докази и таа е во фаза која е на самиот крај. Евидентно е дека адвокатот Мерџан Даути и Елисавета Најдовска со направената промена имале намера за одложување или застарување на делото.