Азески: Пржинскиите влади го изместуваат нормалното функционирање

0
81

Пржискиот договор му пречи на бизнисот во земјава нормално да фунционира. Во моментов непходна е добра бизнис клима и водење вистински дијалог за секое прашање со бизнисот, а не изместување на нормалното функционирање. Токму тоа се случува со одредбата од Пржинскиот договор, пред избори да мора да се формира техничка влада, велат од Стопанската комора на Македонија.

„Поставуваме прашања до кога ќе имаме спроведување на одредбите на Пржинскиот договор и некаква неприродна ситуација три месеци пред изборите да формираме некои посебни влади со дополнителни заменици, со не знам нови премиери итн? Сè е тоа изместување на реалноста и на нормалното функционирање. Значи, ако било така, надмината е ситуацијата и треба точно да се каже до кога тоа ќе важи за да имаме предвидливост“, рече Бранко Азески – претседател на Стопанската комора на Македонија.

Во наредниот период, дополни, најпотребен е дијалог, решавање на прашањето на корупцијата и сивата економија и сериозност при предлозите на бизнис заедницата кои мора да бидат и од наша страна на највисоко ниво, на база на студии, анализи и истражувања. Има слабости и кај нас, тоа го признаваме, ќе го подобриме, но бараме посерозен пристап од сите, рече Азески