Албанија: Атентат врз обвинителот на Драч-го поврзуваат со подземјето

0
134

Три лица, меѓу кои и обвинителот од Драч Арјан Ндоја, се ранети вчера откако во нивното возило пукале неидентификувани напаѓачи на пат во близина на тој град.

Како што објави Албенијан дејли њуз, до размена на оган дошло од две возила во движење, а во едното се наоѓал Ндоја, кој е полесно повреден.

Неговиот втор сопатник е исто така полесно повреден, додека третиот е префрлен во болница, наведува албанскиот портал.

Полицијата постави контролни пунктови на повеќе места на приодите кон Драч и интензивно трага по напаѓачите, додава порталот Албенијан дејли њуз.

Албанскиот портал додава дека најверојатно мета на нападот бил Ндоја, кој и претходно, во повеќе наврати е доведуван во врска со организираниот криминал, за што, додава медиумот, говорел и албанскиот премиер Еди Рама.