Албанија по земјотресот: Луѓето врискаа и плачеа

0
115

Земјотресот со јачина од 6,4 степени кој рано утрово ја зафати Албанија се почуствува и во Македонија и во другите балкански држави. По големиот земјотрес следувале уште најмалку 100 афтершокови, од кои два биле со магнитуда од 5 степени, што дополнително ги надразни нервите на преплашените граѓани.
Голем број куќи и згради во погодениот регион се уништени. Сведоштвата на преживеаните се потресни.

Се беше во пепел и магла и мирисаше на прашина“, вели Розина Мирта чија куќа не настрадала, но зградата до неа се претворила во купишта урнатини.
„Луѓето врискаа и плачеа, а потоа следуваа уште земјотреси“, вели таа.

Иракли Симони дошол да помогне во градот Туман каде многу луѓе се уште се под урнатините. На неговите раце беа видливи траги од крв.
„Крвта е од човекот заробен под урнатините кому се обидуваме да му помогнеме. Врз него лежи тело на друг мртов човек. Разговарам со него, се обидувам да го одржам во живот. Неговиот стан бил на четвртиот кат“, вели Симони.

Марјана Ѓока, 48, спиела во својот стан на четвртиот кат на петкатна зграда во Туман кога земјотресот ги урнал горните катови.
„Кровот падна на нашите глави и не знам како избегавме. Господ ни помогна“, вели Ѓока.
Епицентарот на земјотрост бил на 30 километри западно од Тирана, но неговата разорна сила беше почуствувана насекаде низ Балканот, како и во јужна Италија.
Неколку часа подоцна земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди и Босна и Херцеговина, но нема податоци за повредени.