АМБАСАДОРОТ ТИМОНИЕ ГО ОБРАЗЛОЖИ ФРАНЦУСКИОТ НОН-ПЕЈПЕР ПРЕД НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

0
72

Поддршката за ЕУ перспективата на Западен Балкан останува, а ќор-сокакот во кој се најде Унијата не е пречка за во престојниот период земјите кандидатки да го почнат процесот на преговарање, порача амбасадор на Франција, Кристијан Тимоние, во Собранието на седница на Националниот совет за евроинтеграции на која се дискутираше за францускиот нон-пејпр.

Образложувајќи ги најважните точки од оваа методологија францускиот амбасадор меѓудругото уште еднаш потсети на неопходноста од реформите во судството, но и носењето на Законот за ЈО очекувајќи дека до крајот на јануари голем дел од овие работи ќе бидат завршени. Со прашање до него и пратеничката Ивана Туфекџиќ уште колку документи и методологии ќе испорача ЕУ или земјите – лидери за да се стави крај на разочарувањата на младите кои ја напуштаат државата .