Анѓушев се повлекува од вицепремиер на 3 јануари?!

0
78

Вицепремиерот Кочо Анѓушев најверојатно ќе се повлече од функцијата на трети јануари 2020 година. Иако не сакаше да го каже датумот, дали ќе биде по изборите закажани за 12 април наредната година или пред, во изјавата за Алсат јасно навести кога ќе се врати на бизнисот.

„Значи јас имам потреба да седам во Влада сѐ додека Владата има мандат да одлучува. Влада која што нема мандат што нема мандат да одлучува е политичка Влада и во таа Влада јас немам потреба да бидам присутен“, вели Анѓушев.

– Значи техничката Влада ќе биде без Кочо Анѓушев?

„Па еве тоа останува да го видиме“, одговара Анѓушев.

Инаку, се очекува техничката Влада да стартува со работа три дена после Нова Година. Премиерот Зоран Заев има разбирање за ставот на Анѓушев.

„Тој е сопственик на многу големи и сериозни фирми во државата кои што вработуваат повеќе од 1.000 наши граѓани и ќе имам целосно разбирање ако сака понатаму да се посвети на своите компании. Како што дружејќи со него видов дека добивката му е за 50 отсто падната, значи неопходноста од него неговите компаниите ја имаат, а неопходноста ја има и државата…“, рече Заев.